Со векови, мошусот е поврзуван со афродизијакот. Тоа е една од оние ноти која мириса на кожа, но многу по заводливо. Затоа нека не ве изненадува фактот што точно парфемите со мошусни ноти се едни од најпопуларните мириси достапни на пазарот.
Жените обично бираат мошусни парфеми за вечерно излегување, состаноци, и кога сакаат да се претстават на сензуален и провокативен начин.
Парфемите со додаток на мошус го обмотуваат телото со необичен мирис на мистерија, елеганција, лусксус и смаодоверба. Мошусот е еден од најстарите мирис на светот. Уште во антиката, се користел во текот на додворувањето и машко-женските состаноци, верувајќи дека неговиот единствен мирис кај луѓето остава посебно расположение.
Мошусниот мирис позитивно влијае на психата, и го опушта телото и дава пријатно расположение, нежно ги стимулира сетилата според што завзема и доста важно место во медицината и ароматерапијата.
Мошусот исто така се користи и како лек за главоболка, ги смирува и опушта нервите и донесува олеснување и мир. Мошусот им дава на парфемите единствен мирис полн со сензуалност и елеганција, луксуз, женственост и мистерија а поради одличните својства поседува одлична трајност на парфемот на кожата. Тој одлично се вклопува со сите останати овошни и цветни мириси па така секој лесно може да ја пронајде својата идеална комбинација на парфем.