Фреди Меркјури и нашиот Аки Рахимовски имаат многу заеднички особини, но една е посебно изразена.
А, тоа е, дека и двајцата беа суверени владатели како на сцената, така и со публиката.
Фреди Меркјури ја отпеа ,,The Show Must go On”, а сите ние знаеме дека секогаш истото го мислеше и до последен здив така и живееше и нашиот Аки.
Парни Ваљак продолжи понатаму со нов пејач, гордо и квалитетно онака како што изгледа од своите први денови на почетокот на кариерата… и Авалон одлучи дека едноставно дојде време Парни Ваљак повторно да свири во Скопје.
Големиот настан ќе се случи на 18 мај во салата Јане Сандански, каде што во изминативе неколку месеци имавме навистина незаборавни концерти на Џибони и Бајага и Инструктори.
За скопскиот концерт на Парни Ваљак своја изјава даде и лидерот на бендот, Хус, кој заедно со Парни Ваљак оваа година ќе ја добие најпрестижната можна награда за музика во Хрватска – ПОРИН за животно дело:
,,Наша голема желба, а уште поголема одговорност е во Скопје, во градот на Аки, да отсвириме концерт, кој нашата одлука да продолжиме понатаму ќе направи да биде оправдана.
Се разбира дека, во приказната за Парни Ваљак, Аки е неизоставен дел и тој секогаш ќе биде во нашите срца.”
Откако постои музичката индустрија на овие простори, Парни Ваљак е можеби единствениот музички бренд кој во сите сегменти работи на начин и на ниво на било кој врвен светски бенд, и големо задоволство ни е да му овозможиме на Скопје и Македонија повторно да бидат сведоци на тоа.
Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од среда (6 март) во 09 часот наутро онлајн на ticketx.mk и во продажната мрежа на ticketx низ Македонија по следниве цени и категории:
Партер – 700 денари
Фан пит – 1.000 денари
Silver seats – 1.200 денари
Golden seats – 1.500 денари
VIP – 2.000 денари
“The Show Must go On”, и тоа на најјако и најквалитетно можно.
Ваша,
Авалон Продукција