Категории

Парот на кој му завидува пола Холивуд, прослави 30 години од брак!

61-годишниот Том Хенкс е еден од ретките мажи во Холивуд кој успеа да го зачува бракот веќе триесет години, иако Рита Вилсон не е негова прва сопруга.

Имено, тој бил во брак 10 години со Саманта Левс, девојка од средношколксите денови, со која се оженил кога имал 21 година и му родила две деца.

Леви и Хенкс се развеле во 1987-ма година, а 12 месеци потоа, актерот се сретнал со Рита и се вљубил во не до уши.

„Ние сме исто така и најдобри пријатели, а и денес се смееме во два наутро како и на почетокот, а се расправаме се помалку и помалку”, рече Том за својот однос со неговата сопруга, со која има два сина, Чед и Труман.

Во 2015-та година, Рита се борела со рак на дојката, а за својот сопруг има само убави зборови:

„Никогаш не знаеш како ќе реагира твојот сопруг во таква ситуација. Бев воодушевена од грижата што ми ја пружи. Тоа беше природен, но многу интимен период”.

 

Прегледи:
419
Објавено на:
02.05.2018