Категории

Партнери на мразот, но и во приватниот живот. Ова се брачните парови на Олимписките игри

Во Пјонгчанг се натпреваруваат околу десет љубовни парови, а три од нив се брачни партнери. Alexa Scimeca Knierim (26) и Chris Knierim (30) имаат посебна приказна. Тука се и паровите кои возат боб, како и парот во брзо лизгање.

Да се настапува на Олимписките игри е навистина голем успех, а кога ќе го направат тоа двајца од истото семејство, тоа е веќе чудо. Настапот на Алекс и Крис за Валентајн не заврши со медал, но заврши со бакнеж. Заедно лизгаат од 2012 година, а се венчале 4 години подоцна.

2016-та година за нив била помалку пријатна, кога на Алекс и дијагностицирале опасна болест на дигестивниот систем. Била на три операции, изгубила девет килограми и поради тоа кариерата и била загрозена. Но, две години подоцна се квалифицирале за Олимписките игри.

Другиот брачен пар вози боб. Американката Jamie Greubel Poser (34) и германецот Christian Poser (31), се запознале во 2012 година и неколку месеци разговарале, а летото 2014 година се венчале. Таа година во Сочи Џејми освоила бронза, а нејзиниот сопруг бил петти. Од тогаш воопшто не било чудно што таа во американски дрес навива за Германија.

Канадскиот пар во брзо лизгање Josie (24) и Denny (32) Morrison се венчале лани, а медениот месец го планираат по завршувањето на ЗОИ. Во 2015 година настрадал на мотор, што резултирало со скршеници и истегнати лигаменти. Од болничкиот кревет ја следел Josie кога сеуште не биле пар и им рекол на медицинските сестри дека таа ќе биде негова жена, иако тогаш сеуште не се ни познавале.

Тоа се променило набргу и за помалку од година стапиле во врска. Josie, за среќа забележала дека Denny се однесува чудно и го одвела во болница. Тој претрпел мозочен удар. По долгото закрепнување, успеал да се квалифицира за ЗОИ, исто како и Josie.

Прегледи:
455
Објавено на:
19.02.2018