Холандската двојка Дирк и Труди Регтер уживаа на патот околу светот, на кој превозно средство им беше Форд Модел Т, кој е стар повеќе од сто години. Своето патување планираат да го продолжат оваа година.
Патувањето на холандската двојка почна во 2012 година кога поминале 22.000 километри од Едам во Холандија до Кејптаун во Јужна Африка. Патувањето го продолжија една година подоцна, кога од САД отпатуваа за Канада и поминаа повеќе од 28.000 километри.
Завршната фаза на нивното патување беше посетата во Јужна Америка, а поминаа 26.000 километри. Нивниот автомобил Форд Модел Т со 3,0 литарски бензински мотор е произведен во 1915 година.
За жал, двојката доживеа несреќа во 2014 година на пат во Белгија, каде ги удри теренско возило. Труди и Дирк се здобија со полесни повреди, а автомобилот беше многу оштетен.
Сепак, Холанѓаните планираат да го поправат автомобилот и да тргнат на пат оваа година во посета на Нов Зеланд, Австралија, Индонезија и Индија. Патувањето ќе го завршат во 2017 година со возење низ централниот дел на Европа.