Категории

Патишта направени од пластика!?

Една од главните закани за животната средина е исфрлањето на отпадната пластика. Од друга страна, пак, изградбата на патишта во цел свет е незапирлива.

Пластичниот отпад може да се користи во градежништвото и за изградба на патиштата. Теренските тестови го издржаа стрес-тестот и докажаа дека овој тип отпад, по соодветно преработување, ќе реши добар дел од еколошките проблеми. Пукнатините и бранестите оштетувања се најголем проблем на автопатиштата, патиштата, градските сообраќајници. Различна литература сугерира дека кога ќе се додаде во топли агрегати, отпадната пластика формира фин слој над нив. Тие, пак, кога се мешаат со средството што врзува – имаат поголема сила, отпорност и подобри карактеристики со текот на времето.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Лице в лице (@licevlice) on

Употребата на пластика за отпад ја подобрува отпорноста на абразија и го подобрува пролизгувањето на асфалтниот коловоз.

Поради несоодветниот систем и инфраструктурата за управување отпад, отстранувањето пластичен отпад останува главен проблем за властите, особено во урбаните области. Пластичните патишта се дел од решението. Тие како материјал, главно, користат пластични кеси, чаши за еднократна употреба и ПЕТ-шишиња што се собираат од депониите. Кога се меша со врел битумен, пластиката се топи за да се формира маслен слој над агрегатот и смесата се депонира на површината на патот како вообичаен битумен.

Познати се две методологии на рецклирање и реупотреба на пластикаа. Според првата, мешовитиот материјал се меле, а кај втората се практикува раздвојување на измешаните полимери, за повторно да се добијат чисти состојки. Патиштата изградени со оваа технологија се со подобар квалитет и не бараат одржување во првите пет години. Овој приод чини помалку во споредба со битуменскиот пат и нема токсични емисии на гасови.

Покрај тоа што се водоотпорни, овие патеки имаат и подобри својства за врзување, повисока точка за омекнување и можат да издржат висока температура и поголеми оптоварувања. Поради пластиката, дождовницата не поминува низ овие патишта и тоа резултира со помалку поправки.

Важна предност на оваа методологија е тоа што градските власти, кои, обично, немаат доволно финансиски средства, можат да заработат со продажба на пластичен отпад генериран од жителите на самата општина, со потпишување меморандум за разбирање
со компаниите за изградба на патишта.

Доколку ве интересира оваа тема, прочитајте повеќе за неа од градежниот инженер Бобан Атанасоски во новиот број на Лице в Лице.