Категории

Патите од инсомнија – Корисни совети за подобар сон

Добриот сон е витален за нашето здравје и благосостојба. Дури и ако спиете полни осум часа, ако не се будите одморени, тешко дека ќе можете да се носите со следниот ден.

Совети кои ќе ви помогнат да се наспиете добро и квалитетно:

-Одете во кревет и будете се во исто време. На тој начин фазите на сон ќе ви бидат константни.

-Пред спиење отворете го прозорецот за да влезе свеж воздух, на тој начин ќе го подобрите квалитетот на сонот.

-Намалете го внесувањето на кофеин во текот на денот.

-Во кревет само спијте. Немојте да пребарувате на интернет, или да гледате ТВ, а особено немојте да работите.

-Немојте да се прејадувате навечер.

-Половина час пред одење во кревет немојте да гледате ТВ или да седите пред компјутер, затоа што зрачењето од екранот го стимулира мозокот и разбудува.

-Запишувајте ги важните нешта кои ви се во мислите. Направете попис на нештата кои ве загрижуваат и одложете го размислувањето за нив за наредниот ден.

-Пијте топло млеко или чај пред спиење.

-Немојте да пушите пред да спиете. Никотинот е стимуланс.

-Немојте да одите во кревет гладни. Но немојте нити да се прејадувате.

-Изгаснете ги светлата и спијте во потполно темна просторија.

-Носете удобни пижави

-Постелнината нека биде чиста и миризлива

-Немојте да пиете алкохол пред спиење. Една чаша вино е дозволена но се повеќе од тоа е премногу.

-Избегнувајте спиење во текот на денот затоа што тоа може да го поремети вашиот биолошки часовник.

-Вежбајте. Редовното вежбање во текот на денот ќе ви обезбеди мирен сон, затоа што телото преку вежбањето ќе се ослободи од нервозата.

-Исклучете ги сите електронски уреди во вашата спална соба и се што произведува звук.

-Ако не можете да ја елиминирате бучавата, користете чепови за уши.

-Покрај креветот ставете чаша вода во која ќе додадете неколку капки етерично масло од лаванда.

-Калциумот и магнезиумот се корисни за добриот сон. Во прехраната вклучувајте намирници богати со овие два минерали.

-Слушајте музика која опушта.

Прегледи:
573
Објавено на:
21.07.2020