El Penjon de Gatape, т.е. карпата Гатапе како што локалното население го нарекува овој туристички бисер во Колумбија, некогаш одамна бил свето место.
Поглед од кој застанува здивот и чудо на природата здружени со човековите напори да се избори со нив можеби најдобро ја опишуваат наградата која следи после совладувањето на најнепријатните скали на светот.
Монлитната карпа на исклучително стрмната страна има 650 скали кои водат до нејзиниот врв. Погледот е спектакуларен, но следи не баш пријатно искачување.
Оваа џиновска карпа насреде рамните краишта изгледа како да е „сошиена“ но всушност тоа се цик-цак скали кои водат до самиот врв. Ако ги совладате ќе ви пружат неверојатен поглед на езерото и островот Гатапе.
Таа е опкружена со природа а некогаш тука имало непрегледно зеленило. Тогаш подрачјето било потопено па затоа сега наоколу секаде има водени полиња.
Penjon de Gatape се наоѓа на два часа возење од Меделјин, вториот по големина град во Колумбија а денес една од најатрактивните туристички атракции.