Категории

Патување кое не смеете да го пропуштите: Со Флај Туризам во градот на светлината, Париз!

Париз, градот на љуовта, градот на светлината, уметноста и културата, со своите шармантни улици, славни палати, прекрасни паркови и прочуената кујна и вина, навистина е една совршена романтична дестинација.

Главниот град на Франција и најголемиот град во земјата со преку 11 милиони жители кој е сместен на реката Сена на север во Франција воедно е и најразвиениот бизнис и културен центар со векови.

Париз е една од најпосетуваните туристички дестинации кој го посетуваат преку 50 милиони туристи секоја година. За Париз и неговите знаменитости може да раскажуваме бесконечно долго, но ниеден збор не го опишува овој град како посетата и уживањето во сето она што го нуди. За таа цел, туристичката агенција Флај Туризам организира посета на Париз.


Цената на аранжманот изнесува 339€/ 21.000.00 ден, а доколку уплатите до 10.02.2019, овој аранжман ќе го добиете за само 299€/ 18.490.00 денари. Сега имате можност да се уверите во сето она што се раскажува за градот на светлината и да поминете незаборавни денови на оваа дестинација.

Патувањето започнува на 31 март 2019 година со полетување за Париз со директен лет. Веќе вториот ден по појадокот ќе уживате во прекрасните знаменитости на оваа европска метропола и посетата на Нотр Дам, Сорбона, Пантеон Луксембуршка палата, Латинскиот  Кварт, Операта , Дворецот Лувр, Црквата  Св Марија Мадалена. Вечерта ќе го посетите Мон Мартр со црквата Saqre Coeur, Пигал, Мулен Руж.

Третиот ден продолжува запознавањето со Париз преку целодневен пешачки разглед на градот и посета на плоштадот Трокадеро, Ајфелова Кула, Марсови полиња, Домот на инвалидите,  гробот на Наполеон,  мостовите на Сена, Елисејските Полиња, Триумфална Капија. Во вечерните часови можете да изберете факултативно крстарење по Сена и качување  на Ајфеловата Кула. Во четвртиот, последен ден по појадокот следува факултативната посета на Летниот дворец Версај. По разгледот имате слободно време низ центарот на Париз и време за шопинг. Вечерта полетувате за Скопје побогати за уште едно незаборавно искуство.

Целосната понуда и сите поволности за ова патување може да ги погледнете ТУКА!

Доживејте незаборавно романтично патување и дозволете Флај Туризам да се погрижи да ја почувствувате магијата на Париз! Резервирајте го вашето патување и подгответе се за уште една нова авантура.