Категории

Патување што ќе ви го промени животот!

The-Ultimate-Guide-to-Traveling-When-You’re-Broke

Сите ги сакаме патувањата поради забавата, посетата на непознати места, поради одморот од секојдневието или едноставно поради отсуството на барањата и задачите зададени на работното место. 

Без оглед на причината, патувањата ве збогатуваат на многу начини и ве прават поубави, попаметни и попродуктивни, а ова го потврдуваат и научниците.

Патувањата нé прават попаметни

Веќе е познато дека патувањата ви го разбиструваат умот, но со една неодамнешна студија е откриен уште еден интересен податок. Психолозите имаат дефинирано и термин за оваа состојба – “психолошка дистанца”.  Имено, патувањата ја потикнуваат и зголемуваат креативноста. Дури и самото планирање на патувањето и замислувањето за себе си на други непознати и далечни локации може да ја зголеми креативноста, но и свесноста и информираноста. Вилијам Медокс, социјален психолог, исто така открил дека оние кои живеат надвор од границите на својата земја покажуваат поголема креативност.

Патувањата нé прават попродуктивни

За време на патувањата добивате нови идеи и станувате попродуктивни. Затоа не е за чудење што многу луѓе во западните земји, кои имаат можност за тоа, често земаат здив од работата за да отпатуваат некаде и да се вратат со нови идеи.

2015-03-20-1426853494-9761329-iStock_000026246607_Large

Патувањата нé подмладуваат

Патувањето на новите места има необично влијание врз перцепцијата за времето. Дури и само една или две недели поминати на нова дестинација, ќе ви изгледаат како многу долг период, а според истражувањата направени во Њујорк, перцепцијата за времето кај возрасните се менува така што тие стануваат слични на децата и нивната перцепција за времето.

“Патувањата се фонтана на младоста”, вели Дејвид Игелман, кој и го направил истражувањето за патувањата.

Патувањата нé прават попривлечни

Не станува збор само за потемниот тен кој ве прави поубави и поатрактивни. Според едно истражување, една од темите на разговор кои што паровите ги започнуваат на својот прв состанок, се токму патувањата.

Се прашувате кое патување ќе ви го промени животот..  Секое патување на кое сте решиле да одите, сами или во друштво! Кое е вашето патување од соништата?

Прегледи:
435
Објавено на:
15.06.2016