Категории

Peach е новата мрежа која ги тресе Фејсбук и Твитер

Peach е нова социјална мрежа која привлекува се повеќе корисници. Таа од неодамна се обидува да навлезе во дигиталниот свет, каде владеат Twitter и Facebook.

Компанијата која стои зад апликацијата е основана од Дом Хофман. Тој е еден од основачите на Vine – социјалната мрежа за споделување видеа, што кратко по нејзиното претставување во јавноста ја презеде Twitter.

Здружувањето преку оваа апликација е како на Facebook, со додавање на пријатели. Секоја објава може да се рангира со ѕвезди од еден до пет, води директно до видеото кое е објавено и има огромен број на емоџи. Покрај ова, апликацијата нуди и клучни или т.н. „магични“ зборови.

Па така, ако го напишете зборот „here“ се дава моменталната локација на корисникот, „draw“ овозможува да се црта по екранот, „tv“ овозможува споделување на тоа што се гледа во моментот, зборот „song“ ќе ја идентификува песната што моментално корисникот ја слуша, додека зборот „weather“ ќе ја објави моменталната временска прогноза.

Друштвената мрежа засега е достапна само на iOS оперативниот систем, и за разлика од останатите слични апликации, објавите не можат да се најдат преку интернет. Корисниците не можат да се допишуваат на Peach, иако наскоро би можела да се појави и таа опција.

Прегледи:
499
Објавено на:
12.01.2016