Категории

Пејачот Џон Бон Џови отвори ресторани во кои се служи бесплатна храна за сиромашните

Пејачот Бон Џови им помага на луѓето на кои помошта им е најпотребна. Тој ја отвори фондацијата „Jon Bon Jovi Soul Foundation“ која настојува да го прекине циклусот на сиромаштија, глад и бездомништво. Еден од проектите наведени во организацијата е отворањето на „JBJ Soul Kitchen“ во која храната е бесплатна.

Во 2011. година отворен е првиот ресторан во Њу Џерси. Шест години подоцна, отворен е уште еден. На менито нема цени и сите се добредојдени. Луѓето можат да донираат пари (ако сакаат) за да помогнат во прехраната на оние кои им е најпотребно. Во рестораните работат волонтери.

Во наведените ресторани досега е послужено околу 100.000 оброци. Оние на кои им е најмногу потребен топол оброк имаат предност.

„Во нашиот ресторан сите се добредојдени. Нудиме природни состојки и почит“, пишува во ресторанот.

На менито се наоѓаат примамливи оброци со домашни состојки. Бон Џови не е само ѕвезда на сцената, туку со своето златно срце се обидува да им помогне на оние кои помошта им е најпотребна. На тој начин шири љубов и добрина. Навистина е вистинска инспирација.

Прегледи:
659
Објавено на:
02.12.2019