Пејачот Ѓоко Јовиќ даде пример кој се надеваме во иднина ќе го практикуваат и многу други музичари. Музичарот кој е познат по својата хуманост и има учествувано на голем број на хуманитарни концерти, на кратко го прекина настапот во локалот и им се обрати на присутните.
-Наредните петнаесеттина минути ќе пејам за една храбра мајка на две дечиња, Ирена Танчева, на која и е потребно скапо лекување на клиника во Москва, Русија. Ќе ве молам сите кои сте во можност да донирате, да и помогнеме на мајката – повика Јовиќ.
Веднаш по првите ноти, гостите еден по еден започнаа да стануваат и да доаѓаат пред бината со банкноти во рацете. Кога сфати дека допрел до гостите со пораката, тој извади куфер и го постави пред музиката. За само неколку минути куферот беше полн. Собраните средства и ги предал на Ирена, која јавно се заблагодари.
Таа е мајка на две деца на возраст од пет и седум години. Во повеќе наврати се обрати до јавноста, апелирајќи за помош за лекување на клиника во Русија, односно на терапија со матични клетки, која била нејзината единствена надеж дека повторно ќе застане на нозе.
Сите хумани луѓе кои се во можност можат да донираат на 070 143 115 Телеком и на 143 500 ВИП.