Категории

Пет фази во секоја врска: Ако ја преживеете третата, тогаш тоа е „она вистинското“

На прашањето „што е вистинска љубов“, ќе добиете толку различни одговори, што ќе бидете позбунети од претходно. Секоја личност љубовта ја доживува на различни начини, но кога таа ќе се изгасне, а партнерите ќе се разделат, ретко кој може да ја каже вистинската причина зошто не потрајала подолго.

Психологот Џед Дајмонд ги истражувал врските 40 години. Има луѓе кои навистина ја пронаоѓаат својата вистинска љубов со која остануваат до крајот на животот, но открил и пет стадиуми во секоја врска низ кои се развива љубовта. Најмногу парови ја завршуваат својата врска во третата фаза.

1. Вљубување

Хормоните на среќа го преплавуваат телото, партнерот го гледате низ розови очила, а маните ги занемарувате. На партнерот му верувате без размислување, па акцентот е ставен само на добрите работи во врската.

2. Станувате парм

Љубовта се зајакнува, се раѓа заеднички живот. Сè повеќе време поминувате со партнерот, па имате влијание на многу негови аспекти од животот. Врската станува посилна кога ќе дојдат деца. Се чувствувате заштитено и сакано.

3. Разочарување

Чувствата почнуваат да бледнеат, однесувањето на партнерот почнува да ви пречи, ги забележувате сите ситници на кои досега не сте обрнувале внимание. Потребен ви е простор, почнувате да се сомневате. Почнувате да се прашувате и да се преиспитувате себеси.

4. Вистинска љубов

До оваа фаза доведува одлуката сепак да се борите за љубовта. Тогаш го прифаќате партнерот онаков каков што навистина е. Почнувате да ги разбирате неговите недостатоци и тие престануваат да ви пречат. Сомнежот исчезнува, а врската се зајакнува.

5. Знаете дека вашата врска е „она вистинското“

Ова е фаза на длабока, силна и искрена врска. Сте го сфатиле значењето на вашата врска и почнувате да уживате во заедничкиот живот. Сè што правите заедно почнува да ве исполнува со позитивна енергија, имате чувство дека сте едно. Знаете дека вашиот партнер ви е сродна душа со која сакате да го поминете остатокот од животот.

Прегледи:
338
Објавено на:
03.03.2017