Категории

Пет правила за црвениот кармин

Црвениот кармин е одраз на женственост и е задолжителен за секоја жена, без оглед на годините и стилот.

Црвениот кармин прави секоја жена да изгледа гламурозно и елегантно за секоја пригодба, а со оглед на тоа дека го има во повеќе нијанси, одлично им прилега на сите жени.

 Сепак, постојат и правила за црвениот кармин кои треба да се почитуваат.

Одберете потемна нијанса на пудра, бидејќи црвената боја може да биде премногу контрасна на вашиот тен.

Немојте да го нагласувате црвениот кармин со сјај за усни. Напротив, пред да ставите црвен кармн, пожелно е да ставите балзам за усни

Испробајте различни нијанси на црвен кармин. Најдобро е да одбрете нијанси кои одговараат на бојата на тенот како и на бојата на очите.

Доколку имате потенки усни, одберете посвежа нијанса на црвено.

Не плашете се да носите црвени кармин. Се што ви е потребно е само да имате став и самодоверба.

 

Прегледи:
1178
Објавено на:
27.11.2017