Категории

Пет тајни за успех на Опра Винфри

Опра Винфри е една од највлијателните жени во светот.

Како водителка, актерка, продуцентка и со своето телевизиско шоу, Опра успеа да инспирира многу луѓе. Поради тоа ја доби титулата “Кралица на сите медиуми”.

Според неа, ова се петте тајни за успех:

1. Пронајдете го вашиот сон

Бидејќи знаела што сака да биде, Опра  послушала својот инстинкт кога ги донесувала сите одлуки, а токму тој инстинкт ѝ помогна да биде она што е сега-највлијателна жена на светот.

2. Направете го првиот чекор

Доколку знаеме кој е нашиот сон, следно нешто што треба да направиме е да да го направиме првиот чекор и да не застануваме додека не ја постигнеме целта.

3. Зграби ја својата прилика

Опра не верува во среќа, туку смета дека сè што се случува во животот е само подготовка за вистинскиот момент кој треба да пристигне. Затоа, треба да се прифатат тие искуства за да се зграби шансата.

4. Можете да се контролирате само себе си

Опра никогаш не го трошела времето на конкурентските емисии. Затоа треба што е можно повеќе да се преиспитаме себе си, а не да ги контролираме другите луѓе.

5. Сите ја посакуваме истата работа

Во својата емисија Опра им давала на луѓето една работа која на сите им е потребна: сочувство. Дури и откако станала милјардерка, Опра рекла дека не постои разлика меѓу неа и нејзината публика.

Прегледи:
447
Објавено на:
29.11.2017