Категории

Пет трендови за уредување на балконите оваа пролет

За голем број луѓе, балконот во пролетните и летните месеци станува втор дом, така што ви ги носиме 55-те најголеми трендови за украсување на балконот во 2018 година.

Атмосферска светлина

Под претпоставка дека престојувате на балконот навечер во пријатно друштво и со чаша вино, осветлувањето на вашиот балкон е исклучително важно. Одлучете се за класични светилки или светилки во индустриски стил.

Бамбус

Заменете го вашиот пластичен и метален надворешен мебел со бамбус и други природни материјали. Во комбинација со зеленило и  текстил ќе создадете многу поудобна и релаксирана атмосфера.

Декоративни перници

Во овој случај, не размислувајте многу за практичноста, може да имате дополнителни пет минути за да ги средите перниците во случај на дожд, но со комбинација на трендовски бои и модели на перници со природни материјали ќе создадете балкон кој е естетски многу хармоничен и привлечен, но исто така и исклучително удобен, без разлика дали се забавувате со пријателите, или се релаксирате со книга.

Зелена оаза

Дури и ако живеете во зграда и имате мал балкон, зеленилото е секогаш добра идеја! Направете мала урбана градина, со зеленчук или овошје, или висечки украсни растенија.

Удобен мебел

Класичен градинарски сет не е лоша опција, но зошто оваа година да не се одлучите за најневообичаениот мебел?

Прегледи:
824
Објавено на:
05.04.2018