Категории

Пиоли ја понудил својата оставка

Врие од нервоза и незадоволство во редовите на Интер, особено по поразот во Фиренца, 5:4. Интер на последните пет натпревари нема победа, а по поразот од Фиорентина, тренерот Стефано Пиоли ја понудил оставката.

Стефано Пиоли ги брои последните денови на клупата на Интер, а по шокатниот пораз во Фиренца, тој самиот понудил оставка.

Раководството на клубот не ја прифатило оставката, но италијанските медиуми пишуваат дека тој ќе замине по натпреварот со Наполи. Во меѓувреме челниците на клубот го договараат тренерот на младиот тим, Џанлука Веки, да биде тренер до завршувањето на сезоната.

Извор : Макфакс

Прегледи:
417
Категории:
Спорт · Фудбал
Објавено на:
24.04.2017