Категории

Писмо од татко до својата ќерка – „Нема потреба да се трудиш да го задржиш вистинскиот“

Длабоко писмо од еден татко до неговата ќерка за вистинската љубов

Драга..
Неодамна јас и твојата мајка баравме некои одговори на Google. Почнавме да го внесуваме прашањето во пребарувачот и веќе на половина, Google ќе изваде најпопуларните пребарувања на таа тема. На врвот на листата се наоѓаше прашањето „Како да го задржиш заинтересиран?“
Се запрепастив. Прочитавме безброј статии за тоа како да бидеш секси, кога да му донесеш пиво, кога сендвич и начини на кои можеш да направиш да се чувствува паметно и супериосно.
Се разбеснив!
Најмила моја, никогаш, никогаш не било и никогаш нема да биде твоја работа „да го задржиш заинтересриран“. Твојата единствена задача е, во длабочината на твојата душа, да знаеш дека си вредна за внимание. Ако си свесна за своите вредности, ќе бидеш атрактивна и пожелна во најдобра можна смисла. Ќе го привлечеш мажот кое е способен да ги препоразнае твоите квалитети. Ти зборувам за оној кај кого не е потребно да се трудиш да го „задржиш заинтересиран“, затоа што тој знае дека си интересна.
Не ме интересира ако тој ги става лактите на масата, се додека не може да го тргне погледот од твоето лице кога се смееш.
Не ме интересира што не умее да игра шах, па нема да може да изигра една партија со мене, се додека тој е поркрај тебе, те сака, те чува и почитува.
Не се грижам за тоа како тој изгледа, се додека се кое утро се буди покрај тебе со насмевка и бакнежи, се додека ти имаш посебно место во неговото срце.
Не ме интересира ни бојата на неговата кожа, се додека вашиот заеднички живот е исполент со трпение, доверба, нежност и поддршка.
Не ми е грижа на која религија и припаѓа, на оваа, на онаа, или на никоја, ако е воспитан да го цени животот и секој миг поминат покрај тебе го смета за скапоцен.
За крај, најмила моја, ако наидеш на таков човек, а тој и јас немаме ништо заедничко, ќе имаме само едно заедничко нешто кое вистински е важно – Тебе.
На крајот на краиштата, едиснственото нешто што треба да го направиш за да го „задржиш заинтересиран“ е – да бидеш ти!
Твој вечно заинтересиран,
Тато

Прегледи:
714
Објавено на:
13.12.2019