Категории

Пица – лубеница е новиот летен хит рецепт!

Лубеницата е дефинитивно најомиленото летно овошје. Покрај тоа што е неверојатно вкусна, истата е полна со вода која ви е потребна, а е и многу лесна за јадење, особено кога е многу ладна.

Веројатно најлесно е да се јаде на класичен начин или пак во вид на некој сок, но летово има и нови начини на консумирање на лубеницата кои знаеме дека ќе ги обожавате.

љ2

Специјалитетот „пица – лубеница“ е нешто што особено ќе ве освежи во било кој дел од денот, а со истиот ќе ги израдувате било кои гости што ќе ви се најават.

љ3

Базата на овој специјалитет е парчето лубеница, а врз него можете да ставите малку овошен јогурт, кокос, парчиња бадем, житарици и сезонско овошје.

љ4

На овој начин, едноставното парче лубеница станува нешто неверојатно, а за изгледот и да не говориме. Овој рецепт се подготвува за многу кратко време, а сѐ што треба да направите е да исечете едно парче лубеница во круг, па потоа на помали парчиња како што би исекле пица.

љ5

Одозгора ставете по една лажичка од омилениот јогурт, малку житарици, бадеми, лешници или ореви и сосема на крајот останатото овошје што го обожавате подеднакво.

љ6

Летниот десерт е подготвен и може да го послужите!

Прегледи:
505
Објавено на:
22.07.2016