Категории

Плачете додека гледате филмови? – Ова е големата тајна која психолозите ја откриваат

Само посебните луѓе умеат да сочувствуваат со ликовите од филмското платно..

Само посебен тип на луѓе поседува емпатија. Многу луѓе меѓу кои се оние нарцисоидните личности и социопати, се родени без неа и го живеат целиот живот без никогаш да се стават во положба на друга личност. Тие не можат да чувствуваат ништо спрема другите луѓе и тоа не е секогаш добро нешто.

Всушност, потребно е многу сила кога се грижите за другите личности  и нивната ситуација. Животот е суров спрема некои луѓе а ако сте во можност да се ставите во нивна положба и да ја почувствувате нивната болка, тоа зборува нешто за вас.

Вие сте доволно силно да ја издржите таа болка но сеедно ја чувствувате. Вие сте доволно јаки и за другите и имате специјална можност да го почувствувате она што тие го чувствуваат.

Секако, тоа не е основната причина зошто луѓето плачат додека гледаат филмови. Солзите течат затоа што тие го доживеале она што ликот го доживеал во филмот. Тоа овозможува личноста да се ослободи од некои емоции на здрав начин.

Исто така тука се наоѓа и оној вид на солзи кои течат кога всушност сте под силен впечаток од уметничката генијалност на филмот. Тоа не е нешто што го прават само претенциозните луѓе. Тоа се нарекува ‘стендхал’ синдром во својот најнапреден облик, а тоа значи дека уметничкото дело може да ве доведе до точка да чувствувате физички и емоционални симптоми.

Прегледи:
1398
Објавено на:
07.03.2020