Категории

Пливал еден километар до јахтата на Меси за да се слика со идолот

Лионел Меси ужива во одморот на Ибица, а тоа го дознал и еден голем навивач на аргентинскиот фудбалер.

Сули, 24 годишен обожавател на Меси, никогаш нема да го заборави ова лето. Имено, до јахтата на Меси стигнал пливајќи еден километар за да се фотографира со идолот, меѓутоа неговиот мобилен телефон не го издржал патот и се расипал.

Тогаш, еден од пријателите на Меси му го позајмил телефонот на Сули за да му се оствари сонот и да се фотографира со Аргентинецот.

Очекувал дека веднаш после тоа обезбедувањето ќе го избрка, но фудбалерот на Барселона му понудил сок и разговарал со него скоро половина час.

2

На крајот Меси му понудил и скутер за да се врати на обалата, но Сули ја одбил понудата и се вратил онака како што дошол – пливајќи. Фотографиите потоа ги добил на електронска пошта.

Прегледи:
452
Објавено на:
20.07.2016