Категории

Пливањето совршен избор при стрес и депресија

Секоја физичка активност, како што е веќе познато – помага во зачувување и унапредување на менталното здравје. Доколку се соочувате со стресни состојби, или пак страдате од депресија, наједноставен начин да го поттикнете лачењето на хормонот на среќа е да почнете да пливате.

Според најновото истражување направено во Велика Британија, пливањето 30-60 минути дневно може значително да ги намали симптомите на депресија. Утврдено е дека редовните пливачи не само што се опуштаат при престојот во вода, туку и голем број од нив потврдиле дека оваа активност им помага полесно да се справат со проблемите во секојдневниот живот. Тоа што пливањето го издвојува од другите физички активности е многу малата можност за повреда за време на пливање, што и дополнително допринесува до поголемо опуштање.

Пливајќи ги ангажираме сите групи на мускули, ги забрзуваме дишењето и работата на срцето, ја поттикнуваме циркулацијата, а сето тоа допринесува до подобра работа на мозокот, а со тоа и поволно влијание на расположението.