Категории

Плоштади со најубави елки ширум светот: Милион светилки, украси и лампиони!

Китењето елки на начинот на кој денес го правиме тоа, најпрво започнал во Германија, кога во среден век за католички Божиќ ја кителе елката со црвени јаболки, како и украсувањето колачиња во различни облици и свеќи кои го симболизирале Христос како вечна светлост.

Денес традиционалните Божиќни елки можат да се видат во градовите ширум светот, а посебно е интересна онаа од Њујорк која свечено се пали секоја декември и стои пред Рокфелеровиот центар.

Погледнете како изгледаат плоштадите за новогодишните празници во некои од најголемите метрополи.