Сите членки на некогашната најпопуларна женска група Спајс грлс објавија дека повторно ќе настапуваат заедно, освен Викторија Бекам.
Модната креаторка и поранешната пејачка одбила да се придружи на колешките, бидејќи е преоптеретена со други проекти. Откако се изјаснила по повод турнејата, Мел Би, Ема Бантон, Мел Си и Гери Халивел и понатаму се во потрага по нејзина замена.
„Одиме на турнеја. Тоа е сега 100% сигурно. Би сакале да имаме и некои гости на настапите. За мене, Кети Пери би била одлична опција доколку би се согласила“, изјавила Мел Би во интервју за британските медиуми.
Враќањето на Спајсиците вреди 10 милиони фунти по секоја од нив, а во таа цена се вклучени и компилацискиот албум од нивните најголеми хитови како и ангажманите во талент шоу програмите.
Најголемите фанови се уште не можат да купат карти за концертите, бидејќи турнејата ќе биде организирана дури следната година. Спајсиците ќе поминат 13 денови на турнејата во Велика Британија.