Категории

По фустанот, нов оптички предизвик го тресе интернетот: Која боја се јагодите?

Фотографијата со која психологот Акијоши Китаока ги размрда социјалните мрежи прикажува јагоди, но фотографирани низ син филтер. Прашањето е: Каква боја се јагодите кои ги гледате?

Ако ги гледате црвени или цвенкасти, веројатно треба да погледнете малку подобро, бидејќи на реалната фотографија нема црвена боја.

-Тоа е илузија создадена со методот на две бои. Иако оваа фотографија реално е целосно сина, човечкото око јагодите ги гледа како црвени, открива Китаока.

Експертот за визуелна перцепција, Бевил Конвеј, објасни дека тоа е начинот на кој нашиот мозок ги „исправа боите“ кога му се филтрирани низ поинакво светло.

Светлината игра најважна улога кај фотографиите.

Прегледи:
456
Објавено на:
04.03.2017