Анкетата на сајтот Sleep Cupid, покажува какви партнерки посакуваат мажите, а какви партнери сакаат жените. Според податоците од одговорите на 6.000 луѓе, мажите најмногу би сакале да имаат секс со жена со бујни облини како Ким Кардашијан.
Поделено според региони, генерално американците сакаат русокоси убавици со бујни гради, а како нивна фаворитка ја нагласуваат Скарлет Јохансон. Покрај неа, најпосакувани жени за Американците се нејзините колешки Мила Кунис и Софија Вергара, како и пејачките Бијонси и Аријана Гранде.
Британците генерално сакаат послаби жени и ги посочуваат Кејт Мидлтон, актерката Ема Вотсон, Кира Најтли и Сиена Милер, како и моделката Кејт Мос.
За мажите од Европа, на првото место е Русинката Олга Кириленко, а меѓу омилените е и Моника Белучи. Во Австралија мажите сонуваат за жени како Марго Роби и поранешната моделка Ел Мекферсон.
Кога се жените во прашање, Европјанките најмногу го посакуваат Михаел Хојзман, ѕвездата од Game of Thrones, како и Кристијано Роналдо и Мајкл Фасбендер.
Американките се уште се опседнати со Џорџ Клуни кој веќе две децении е меѓу најпосакуваните мажи, а зад него се актерите Џони Деп, Дензел Вашингтон, Роберт Дауни Џуниор и Леонардо ди Каприо.
Британките најмногу „се палат“ на Принцот Хари и на Дејвид Бекам, жените во Канада го посакуваат својот сонародник Рајан Рејнолдс, а фаворити се и Рајан Гослинг како и Метју Пери.
Во Австралија омилен на жените им е актерот Хју Џекмен.
На прашањето дали би спиеле со новиот американски претседател Доналд Трамп, само 13 проценти од испитаничките одговориле дека би го направиле тоа.