Категории

По повод светскиот ден на операта на 25 октомври ќе се одржи концерт на солистите на Националната опера и балет

По повод светскиот ден на операта на 25 октомври 2021, со почеток во 20.00 ч., во Националната опера и балет, ќе се одржи концерт на солистите на Националната опера и балет.

Солисти: Марјан Јованоски (баритон) и Владимир Саздовски (бас)

Гостин: Сандра Митровска (сопран); Пијано придружба: Елена Сиљаноска

На програмата се арии и дуети од оперите на П. И. Чајковски, Џ. Верди, У. Џордано, А. Дворжак и П. Маскањи.

Настанот ќе се одржи според протоколите предвидени со моменталната состојба предизвикана од пандемијата Ковид-19 за одржување настани, одобрени од Комисијата за заразни болести.

Влезот е дозволен само со потврда за извршена вакцинација против КОВИД-19 или потврда за прележан КОВИД-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето.

Задолжително е носење на заштитна маска.

Билетите се пуштени во строго ограничен број!