Категории

По пожарот во познатата катедрала во Париз, зголемена продажбата на романот на Виктор Иго

Светскиот гигант за интернет продажба „Амазон“ соопштува дека по пожарот во катедралата „Notr Dam“ во Париз, се зголемила продажбата на романот на францускиот писател Виктор Иго- „Богородичната црква во Париз“ во оригиналната верзија на француски јазик. 

По пожарот во катедралата „Notr Dam“ во Париз, на „Амазон“ е зголемена продажбата на романот „Богородичната црква во Париз“, во оригиналната верзија на француски јазик, од писателот Виктор Иго.
Од „Амазон“ додаваат дека исто така се бележи зголемена продажба и на англиската верзија на романот, од 1831 година.
Приказната за физички деформираниот ѕвонар Квазимодо кој живее скриен во познатата катедрала како ѕвер, помогнала во реновирањето на црквата во центарот на Париз, која за жал пред неколку дена беше зафатена од голем пожар.
„Notr Dam“ е средновековна катедрала во готски стил, една од најпознатите во Западна Европа. Таа е под заштита на УНЕСКО, а секоја година ја посетуваат околу 14 милиони туристи и католички верници.