Категории

По преживеан мозочен удар оваа билка е благодет за организмот

Сам или во комбинација со некои други билки како што се жалфијата, маточината, ментата, рузмаринот уште посилно делува како антиоксиданс.

Со обзир на тоа дека исклучително ја поттикнува циркулацијата, се препорачува на луѓето кои имале мозочен удар или на оние кои имаат проблем со помнењето бидејќи ја поттикнува микроциркулацијата на мозокот.

Мирисот на рузмаринот потекнува од есенцијалното масло кое содржи и е сочинето од повеќе соединенија. Овие масла делуваат силно антисептички и успешно се борат против разни видови на бактерии, а многу благородно делува и на кожата.

Рузмаринот со векови се користи при лечење на реуматизам, болки во мускулите и артритис, како и при спортски повреди. За едноставно билно средство кое помага при болки во зглобовите и мускулите потребно ни е масло од рузмарин, алкохол и шишенце со распрскувач.

Пет капки етерично масло од рузмарин и 15 милилитри алкохол. Добро да се промеша и да се прска на болните места, два до пет пати.

За будење

Една супена лажица суви листови од рузмарин прелијте ја со зовриена вода и оставете да стои 15 до 20 минути. Потоа процедете ја и испијте ја течноста. Идеално би било една до две шолји чај во текот на денот. Рузмаринот е една од оние билки кои треба да ги пиете наутро бидејќи стимулираат, даваат фокус, расонуваат и во комбинација со нане и коприва е идеален утрински напиток.

Прегледи:
561
Објавено на:
02.11.2021