На небото вчера блескаше полна месечина, а денеска треба да направите нешто за да се збогатите. Сѐ што треба да направите денеска е да земете лист, пенкало, тегла со капаче и седум метални парички, како и лаворов лист.
Напишете на лист колку пари ви се потребни, па листот ставете го во тегла во која ќе го ставите и лаворовиот лист. Потоа, во десната рака земете седум монети кои полека ќе ги спуштате во теглата.
„Дукати сјаат, дукати ѕвонат, сѐ повеќе и повеќе ги има во моите раце. Ги добивам од секаде, дури и оттаму од каде што не ги чекам. Моето богатство се зголемува, постојано расте“, е она што треба да го кажете потоа.
Потоа, теглата поклопете ја и ставете ја некаде далеку од очите на домашните.