Мега популарниот актер Бариш Ардуч кој стана миленик на женската популација од серијата „Вљубениот ерген“, за својата армија обожаватели најави нов проект за тековната година.
Можеби не сте знаеле, но убавиот Бариш е многу амбициозно младо момче кое освен со актерството се занимава со многу спортови, а исто така филмската режија е негова голема пасија.
Па така, откако заврши со снимањето на хит серијата, Бариш најави дека наскоро публиката ќе има можност да го погледне и неговото режисерско деби.
Каков производ ни спремил, останува да почекаме…
Извор : Вистина.мк