Категории

По животната драма, конечно среќен: Бали Бег ќе стане татко! (ФОТО)

По семејните драми, еден од најпопуларните актери од турските сапуници конечно дочекал среќни вести – Бурак Озчивит на пролет идната година ќе стане татко.

На турскиот актер Бурак (33) и неговата сопруга Фахрије Евцен (32) им се оствари сонот. Откако се венчаа, парот не ја криеше желбата да станат родители, а гласините започнале кога актерката почнала да ги одбива сите проекти. Со обзир на тоа дека својот приватен живот се обидуваат да го задржат за себе не е ни чудно што сѐ уште не се огласиле, но нивните пријатели потврдиле дека Фахрије е во првото тримесечје од бременоста и пресреќна е што во ваков период од животот стигнала најубавата вест.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Burak Özçivit (@burakozcivit) on


Имено, изминатово лето турските медиуми пишуваа дека Бурак е пред нервен слом и веќе не наликува на некогаш омилениот Бали бег.