Категории

Победете го лошото расположение со неколку трикови

Овие совети нема да направат вашите проблеми да исчезнат но ќе ви помогнат во тешките денови кога се наеднаш ја губи својата смисла.

1. Започнете да вежбате

Вежбањето има многу предности, кога е во прашање менталното здравје и расположението. Зависно од физичката способност одберете програма која најмногу ќе ви одговара и држете се до неа најмалку три пати неделно.

Или пак ако вежбате променете ја програмата, бидејќи рутината не е добра за нашето расположение.

2. Експериментирајте во кујна

Со готвење против депресија. Така не само што ќе учите нешто ново, туку и ќе ги тргнете мислите од проблемите. Експериментирањето во кујна е одлично решение за да ја избегнете рутината, а подоцна плус ќе можете да ги повикате пријателите на вечера и ќе уживате сите задно во храната.

3. Пријатели

Многу истражувања покажале дека пријателите ни прават да се чувствуваме подобро. Разговорот со добар пријател може да го намали нивото на стрес и да ни ја даде потребната емоционална поддршка.

4. Поставете си цели

Без разлика дали се краткорочни или долгорочни, секогаш е добро да имате цели во животот бидејќи тоа е одличен начин да бидете фокусирани. Ако водите евиденција за сопствените цели, ќе имаме чувство дека нашето постоење има цел, што е одлична работа.

Прегледи:
381
Објавено на:
12.04.2016