Категории

Победете ја осаменоста и летаргијата за време на карантинот

Водете грижа за вашето психичко здравје – Корисни совети како да ги победите осаменоста и летаргијата

Додека научниците сеуште истражуваат како во потполност функционира корона вирусот, веќе долго знаат дека социјалната изолираност и осаменост го земаат здравствениот данок. Кај личностите кои не се чувствуваат поврзани со останатите луѓе можат да се развијат депресија, срцева болест, ослабување на когнитивните функции што го скратува животниот век.

Осаменоста на долгорочен план влијае врз здравјето еднакво како и пушењето и дебелеењето.

Луѓето често ја обвинуваат технологоијата за ширењето на осаменоста, истакнувајќи дека поминуваме премногу време на друштвените мрежи наместо да се социјализираме.
Но истражувањето на стручаците на Харвард, покажува нијансирана слика: поважно е како ги користиме друштвените мрежи од тоа колку долго ги користиме.

Без оглед на тоа дали се наоѓате во карантин, работите од дома или сте едноставно внимателни, сега е совршено време за вежбање користење на технологијата на друштвено здрав начин.

Кога веќе нема личен контакт, друга најдобра опција е видео-разговор затоа што така се гледаат изразите на лицето, говорот на телото и останатата невербална комуникација која е важна за поврзувањето.

Испратете некоја љубезна порака во вакви времиња затоа што на сите им е потребно малку повеќе љубезност. Комплиментите предизвикуваат долготрајно добро чувство.

Поврзете се со заедници со кои имате слични интереси. Искористете ја интернет мрежата да пронајдете личности кои делат иста страст со вас.

Продлабочете ги и проширете ги односите. Постојат два начини за совладување на осаменоста и негување на постоечките врски или создавање на нови. Искористете ја приликата да ги продлабочите односите со некој кого веќе го познавате или пробајте да стапите во контакт со некој кого би сакале да го запознете.