Категории

Почина 21-годишна српска инфлуенсерка: Булингот се наведува како причина за самоубиството!

Познатата српска инфлуенсерка Кристина Кика Ѓукиќ синоќа починала, а како причина поради која младата девојка решила да го одземе својот живот се наведува лошата психичка состојба која траела со месеци, а која била предизвикана од насилство на социјалните мрежи.

Булинг – врсничко насилство

Феноменот врсничко насилство не е нов, но во поново време благодарание на новата технологија доби не само нова димензија, туку се прошири и во однос на некогашната дефиниција на овој поим.

Насилното однесување се покажува на многу различни начини:

1. Физички – нанесување физички повреди и болка (удирање, кубење, туркање), несакани допири, штипкање.

2. Вербално – потсмевање, уценување, озборување, омаловажување, нарекување со лоши имиња, исмејување, закани, изнудување пари.

3. Социјална изолација (исклучување од општеството) – негативно проценување, игнорирање, намерно исклучување од кругот на пријатели, навредливи гримаси и гестикулации.

Последиците на врсничкото насилство можат да бидат многу сериозни по психичкото здравје и социјалната рамнотежа на детето, зависат од многу околности: чувство на сигурност, начин, возраст, зрелост и должина на траење на насилството.

Непосредни последици од преживување на некаков облик на насилство можат да бидат:

– Повлеченост и осаменост, избегнување на друштво (детето е најчесто само во текот на училишните одмори, не се вклучува во заедничките или спортските активности).

– Раздразнетост, напнатост и склоност кон реакции со плачење.

– Ниско ниво на самодоверба и самопочит.

– Недоверба во другите.

– Пореметување на вниманието.

– Пад на успехот во училиште.

– Губење на мотивацијата за одење на училиште.

– Избегнување на вообичаениот пат до училиште или барање од родителите да го носат.

– Слаб апетит и проблем со сонот.

– Несигурност на училиште (бара друштво или наставникот да е во близина)

– Депресивни тенденции (понекогаш се заканува дури и се обидува да изврши самоубиство)

Односот меѓу родителите и детето има огромно значење за стекнување основна доверба, самопочитување и создавање позитивна слика за себе. Преголемата строгост, како и претераната заштита на децата од страна на родителите (старателите), оневозможува развивање на зрел облик на однесување на детето во однос на возраста и нивното потпирање на сопствената сила.

Врсничкото насилство не е проблем само на еден ученик и неговото семејство, туку на целото училиште и целата заедница. Сите деца треба да се чувствуваат сигурни, задоволни и подготвени за предизвиците кои ги носи животот со себе.