Категории

Почина Аки Рахимовски, легендарниот пејач на групата „Парни ваљак“

„Драги пријатели, со неопислива тага ве известуваме дека денеска на 22.01.2022 година засекогаш заспа Аки Рахимовски“, стои во објавата на официјалниот профил на Парни ваљак.

Александар Аки Рахимовски е роден на 5. јуни 1955 година во Ниш, а набргу се преселиле со семејството во Скопје. Уште кога имал седум години започнал да посетува музичко училиште и учел клавир и пеење. Во тинејџерските денови веќе бил дел од неколку бендови.

Сѐ се променило кога во 1975 година ги запознал Гусеин Хасанфендиќ и Јурица Паџен. Истата година го основале бендот Парни ваљак, кој станал еден од најголемите бендови на овие простори. Во текот на 40-годишната музичка кариера објавиле преку 15 студиски албуми, компилации и синглови.

Освен како дел од Парни ваљак, Аки беше и самостоен изведувач. Ве потсетуваме на една од најубавите изведби на Аки Рахимовски заедно со нашиот Тоше Проески.

Прегледи:
414
Објавено на:
22.01.2022