Откако минатата среда доживеал удар, 52 годишниот актер кој остана запаметен по неговата улога во Беверли Хилс 90210, почина денес опркужен со семејството.
Лук Пери по кратко боледување, денес повторно бил однесен во болница каде не успеал да се справи со последиците од мозочниот удар кој го доживеал пред неколку денови. Покрај него биле неговата вереница Венди Медисон Бауер,, неговите деца и роднин, како и неговата мајка.
Актерот имаше две деца, 21 годишниот Џек и 18 годишната Софи.
Тој ќе биде запомнет како Дилан, улогата која ја играше цело 10 сезони во деведесетите и која му донесе огромна слава. Негов последен ангажман беше популарниот серијал Ривердејл во продукција на Нетфликс.