Категории

Почина најголемата боксерска легенда Мухамед Али, 74

Се нарекуваше себеси „најдобриот“, а сите кои некогаш следеле (и не следеле) бокс се согласуваат дека тој навистина беше најдобриот боксер на сите времиња.

Мухамед Али (1942-2016) почина доцна вчеравечер, откако пред два дена бил примен во болница во Аризона поради рестораторни проблеми. Трикраткиот шампион во тешка категорија се бореше со Паркинсова болест три децении.

Роден како Касиус Марселус Клеј, го започна својот пат кон врвот освојувајќи Златен Медал на Олимписките игри во 1960 година во Рим. Четири години подоцна станува светски шампион во тешка категорија, кога на 22 години го победи Сони Листон. Али беше првиот боксер кој ја освои шампионската титула три пати ((1964-1967, 1974-1978, 1978-1979).

Освен по боксот ќе остане запаметен и по спротиставувањето на Виетнамската воја, поради што му беше одземена титулата и боксерската лиценца, по што се посвети на борбата за правата на афроамериканците. Името Касиум Клеј го промени во Мухамед Али, велејќи дека тоа е „робовско“ име. Поради сегрегацијата го фрли својот медал во река, бидејќи поради бојата на својата кожа не му беше дозволено да влезе во ниту еден ресторан во родниот Кентаки.

Али се пензионираше во 1981 година, со 56 победи (од кои 37 нокаути) од вкупни 61 меч.

Прегледи:
616
Објавено на:
04.06.2016