Категории

Почна снимањето на филмот „Не оди“ со Дефне и Омер: Еве како изгледаат во новите улоги!

Големите турски актерски ѕвезди, Бариш Ардуч и Елцин Сангу, попознати како Дефне и Омер од хит серијата „Изнајмена љубов“ го стартуваа новиот филмски проект во кој повторно играат заедно.

Турските продуценти свесни за нивната популарност повторно ги ставија како главни протагонисти во нова романтична комедија насловена „Не оди“.

На социјалните мрежи веќе се појавија и првите фотографии од сет, а обожавателите со нетрпение очекуваат да видат нешто повеќе од нив.

Засега е познат само насловот на филмот како и рекламниот фото тизер како најава.

Извор : Вистина.мк

Прегледи:
428
Објавено на:
01.09.2017