Категории

#ПочниСоВодно и овој четврток, рекреација после работа

Овој четврток повторно ќе се одржи настан од иницијативата #ПочниСоВодно во организација на  Guardians of Naturе I love hiking – group Macedonia. После работа ни нудат поинаква забава, рекреација во нашето најблиско и омилено Водно.

Како време за старт на качувањето е обележан 18:00 часот пред Кочо Рацин, а оваа иницијатива е создадена за сите оние кои сакаат да се дружат, да ја подигнат својата форма, да изгубат по некое килце и да уживаат во природата. Притоа имате можност да  запознавате нови луѓе, да добивате корисни совети за вашата исхрана и за подобрување на физичката кондицијата, како и насоки за сите следни тури кои ги организира друштвото.

Повеќе за настанот може да дознаете на нивнот фејсбук евент, а се што ви е потребно е волја да започнете нешто ново и убаво во вашиот живот.