Категории

Под сенките на добро познатите шарени чадори, започнува уште една летна приказна на Revija bar & food.

На веќе познатата локација, во ТЦ Лептокарија, на 8. јуни на големо задоволство на граѓаните се отвора реновираниот Revija bar & food. Овој ресторан кој претставува омилено место за многумина, ја започнува летната сезона во комплетно ново руво.

Внатрешниот простор кој е уреден во индустриски стил ќе внесе посебна енергија создавајќи опуштена атмосфера во секој период од денот, а на терасата ќе уживате во шаренилото и сенката која ја создаваат чадорите кои се заштитен знак на овој локал.


Професионалниот тим на Revija bar & food составен од врвни угостители ќе се погрижи да уживате во специјалитетите кои ги нудат и да доживеете вистинско гастрономско уживање при секоја посета во комбинација со вашиот омилен пијалак.

За почеток на сезоната, симболично во текот на целиот ден ќе можете да уживате во бесплатното кафе за секој посетител. Од 8. јуни уживајте и релаксирајте се на вашата омилена старо-нова локација – Revija bar & food.