Категории

Подгответе брз ролат за појадок! (РЕЦЕПТ)

Супер брз и прекрасен рецепт за вкусен појадок. Подготовката нема да ви одземе повеќе од 10 минути, потоа треба само да се испече и да уживате во оброкот.

Потребни состојки:

  • 1 филџан од 250 мл.
  • 2 филџани брашно
  • 4 лажици ладен путер
  • 1.5 лажичка прашок за пециво
  • 1 лажичка сода бикарбона
  • 1 филџан кисело млеко
  • сол
  • 400 гр. салама
  • сирење по желба

Подготовка:

1. Во брашното додадете го исецканиот путер, прашокот за пециво, сода бикарбона, кисело млеко, сол. Замесете тесто.

2. Тестото ставете го на набрашнета површина и со рацете тапкајте го додека не добиете форма на квадрат.

3. Преку тестото рамномерно распоредете ги саламата и сирењето.

4. Направете ролна од тестото и со нож исечете ја на малку подебели парчиња (како кога сечете ролат).

5. Печете во загреана рерна на 190 степени околу 20-25 минути.

Пријатен апетит!

Прегледи:
648
Објавено на:
28.02.2019