Категории

Подгответе од вечер вкусен и здрав појадок со овесни снегулки

Подгответе од вечер вкусен и здрав појадок со овесни снегулки, кој ќе ви даде одличен старт на денот и енергија за цел ден.  

Потребни состојки:

  • 90 грама органски, безглутенски овесни снегулки
  • 200 милилитри органско кокосово 
  • 1 супена лажица чиа семе
  • стевиа (по вкус и желба) 
  • 1 супена лажица кокосови незасладени трошки  
  • 2 зрна какао

Ставете го овесот со млекото и чиа семето во тегла. Додадете стевиа, по желба. Затворете и измешајте ги состојките во теглата. Ставете ја теглата во фрижидер преку ноќ. Наутро протресете и сервирајте со кокосот и какаото, наросени одозгора.

Прегледи:
659
Објавено на:
23.05.2017