Категории

Подгответе се за изненадување: Оптичката илузија која го излуде интернетот е конечно решена

Илузијата која настана со помош на т.н. „двосмислени цилиндри“ го излуде интернетот како ниедна илузија досега. Авторот на оваа оптичка илузија, Кокиши Сугиара, го доби второто место на овогодинешното натпреварување „Илузија на годината“, при што сет пластични коцки добиваат кружна форма кога ќе се постават пред огледало.

Снимката од илузијата беше објавена на Reddit и набрзо доби внимание од многу корисници кои останаа збунети.

Коментарите на вчудовидените корисници се нижеа, а дури имаше и изнервирани: „Најмногу мразам кога некој си поигрува со мојот ум. Ми се чини дека ја доведува во прашање валидноста на моите сетила.“

Снимката покажува шест пластични споени коцки кои кога ќе се стават пред огледало добиваат форма на круг.

Откако снимката стана вирална, Девон од компанија која се занимава со 3Д принтање ги „спаси“ нашите нерви и одлучи да ја открие „магијата“ која се крие зад оваа илузија.

Тој направил ист модел со помош на 3Д принтер. Девон го тргна моделот од пред огледало и ни откри дека едната страна е во форма на коцка, а другата во форма на круг.

Тој објаснува дека вистинскиот облик на „коцка“ е всушност мешавина од круг и коцка. Па така, различните висини на страната од „коцката“ доведуваат до илузија.

Прегледи:
429
Категории:
Видео · Секојдневие
Објавено на:
05.07.2016