Категории

Подгответе се за супер розова месечина на 7 април

Тоа ќе биде најголемата и најсајна месечина оваа година. Во вторник на 7 април на небото ќе заблеска Розовата месечина.

Името на розовата месечина нема никаква врска со нејзината вистинска боја, оваа полна месечина се нарекува розова затоа што одговара на раниот пролетен цвет во розова боја. Името исто така потекнува и од индискиот начин за мерење на времето.
Според „Алманахот на стариот фармер“, племињата по источниот брег на Америка ги именувале различните фази на месечината според сезонските промени во пејсажот.

Полната месечина во април се нарекува и „супермесечина“ затоа што тогаш е најблиску до Земјата. Кога месечината ќе ја достигне точката апогеј, најоддалечената точка на месечевата стаза и точката најблиску до Земјата, се појавува посјајна од вообичаено.

Розовата месечина ќе се појави во вторник на 7 април. Ќе биде видлива веднаш по заоѓањето на сонцето, а ќе сјае уште неколку дена што ќе биде возможно да се види и со голо око.