Категории

Подгответе супа од чедар (РЕЦЕПТ)

Класичната супа од чедар е вкусна, кремлива, но и многу калорична. За подготовка на оваа супа потребни ви се следните состојки:

  • 1 карфиол
  • 2 парчиња праз
  • 2 чаши чедар сирење
  • 3 лажици брашно
  • 3 чаши млеко
  • 1 чаша вода,
  • ловоров лист, бибер, сок од лимон, масло

Подготовка:

Во тава со загреано масло пржете го празот додека не омекне (околу 5 минути), потоа додадете ги исечканиот карфиол, млекото (2 чаши), водата и зачинете со сол, ловоров лист и бибер. Пржете додека не зоврие водата со чести мешања. Намалете го огинот и оставете ја смесата покриена, додека не омекне карфиолот (околу 8 минути) со повремено мешање.

Во мала чинија измешајте една чаша млеко и брашно. Потоа оваа смеса додадете ја во карфиолот. Гответе со повремено мешање додека супата не стане густа (околу 2 минути). На крај, во супата додадете изрендан чедар и сок од лимон и измешајте, па сервирајте.

Добар апетит!

Прегледи:
593
Објавено на:
16.12.2018