Категории

Подобрете ги вашите финансии преку следење на овие совети

Живеењето во свет каде што постојано тежнееме кон нешто за кое не сме во потполност сигурни дека ни е неопходно или пак не знаеме дали ќе не исполни во целост ако го поседуваме, е навистина тешко.

Постојано имаме некакви желби кои управуваат со нас, а за кои немаме средства. Тогаш настапува разочарувањето. Пред вас се 13 совети кои може да ви помогнат да стекнете парични навики кои може да ви го олеснат живеењето до одреден степен.

  1. Направете план за трошење или т.н. писмен буџет секој месец пред да почнете со трошење. Ова нека ви претставува мапа по која ќе се движите кога станува збор за трошење пари.

  2. Не ги гледајте другите. Вие не сте тие и имате свој сопствен живот. Само затоа што некој друг има нешто, не значи дека тоа нешто ви е потребно и вам. Создадете си свои сопствени парични навики кои одговараат на вашите потреби.

  3. Помислете на тоа колку часа ќе треба да работите за да купите некој производ. Подобро е да кажете: „Ќе ми требаат X часа за да го купам тоа“.

  4. Не купувајте заради забава. Тоа многу брзо ќе го намали вашиот буџет. Пронајдете други начини на кои ќе се забавувате.

  5. Поставете си некој износ пред да купувате подароци. Подароците се одлични, но не и кога ќе дојдат пред вашите потреби.

  6. Не го купувајте она што веќе е понудено како бесплатно.  На пример, оние кои се занимаваат со некој локален бизнис секогаш имаат подготвено календари кои ги даваат бесплатно, па затоа нема потреба да купувате такво нешто.

  7. Научете како да одложувате. Ако малку почекате пред купување на некој производ само може да ви стане појасно дали навистина го посакувате и имате потреба од него или сепак немате.

  8. Користете го правилно она што веќе го имате и направете си распоред на предметите. Невниманието и губењето на предмети може да доведе до непотребни трошоци.

  9. Пресоздадете нешто за кое сметате дека може да се искористи и на поинаков начин од оној за кој претходно било наменето.

  10. Ако имате потреба од некоја алатка можете да ја позајмите од соседите. Купувањето на нешто кое ќе ви биде потребно само за еднократна употреба е залудно трошење на пари.

  11. Во желбата за заштеда на пари може да ви помогне и рационалното користење на електричната енергија.

  12. Научете ја разликата помеѓу желбите и потребите.

  13. Секогаш трошете помалку отколку што можете да спечалите.

Овие совети за тоа како да стекнете подобри парични навики ќе ви помогнат да стекнете контрола врз вашите финансии. Вашите пари нека работат за вас отколку вие да работите за нив. Имајќи ги потребните навики ќе успеете да направите многу повеќе искористувајќи помалку. Ако треба да изградите куќа без план, тоа би било катастрофа. Тогаш зошто да трошите пари без претходно да го испланирате тоа?