Категории

Подобро е да си сам отколку во половична врска – Но не смееш да бегаш од љубовта

Но тоа не значи дека е подобро да си сам во целост. Тоа не значи дека треба да ги оттурнуваш луѓето од себе со цел да се заштитиш себеси од болка.

Подобро е да си сам отколку во половична врска.
Да, подобро е да си сам отколку во врска во која се чувствуваш несреќно поголемиот дел од времето.

Но тоа не значи дека е подобро да си сам во целост. Тоа не значи дека треба да ги оттурнуваш луѓето од себе со цел да се заштитиш себеси од болка.
Тоа не значи дека не треба да превземаш ризици и да бегаш од љубовта кога таа ти приоѓа.
Еднаш кога ќе пронајдеш некој кој се грижи за тебе, те насмевнува и прави да се чувствуваш жив за прв пат во твојот живот, тогаш не е подобро да бидеш сам.
Вреди да ризикуваш. Да го отвориш своето срце и да му веруваш, да бидеш ранлив, дури и ако тоа значи дека може да те повреди.

Кога ќе пронајдеш некој кој се вклопува во сите твои празнини тогаш не смееш да му дозволиш на стравот да те убедува дека е подобро да бидеш сингл.
Не можеш да претпоставуваш дека сето тоа ќе заврши во пепел уште пред да му дозволиш на огнот да се разгори.
Заслужуваш да бидеш сакан и да пронајдеш некој кој ќе ти докаже дека не секој на кого му дозволуваш да ти се приближи ќе те повреди.
Сокривањето на чувствата и преправањето дека немаш срце нема да те спаси, само се осудуваш себеси на вечен студ.
Немој да дозволиш да го уништиш најубавото нешто кое може да ти се случи во животот плешејќи се.

Прегледи:
615
Објавено на:
03.08.2020