Подвижната библиотека – Библиобус на Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ патува низ повеќе скопски приградски населби и ги посетува учениците од 19 училишта.
Од неодамна Град Скопје набави ново адаптирано возило опремено со книги кое ќе патува низ населбите Марино, Мралино, Бунарџик, Текија, Мршевци, Кучевиште, Сопиште, Сушица, Оризари, Припор, Долно Коњари, Добри Дол, Побожје, ДолноСоње, Орман, Чифлик, Лисиче, Трубарево и во Волково.
Подвижната библиотека работи пет дена во неделата, од септември до јуни, и ги посетува училиштата според претходно утврден план. Со библиобусот се овозможува полесен пристап и популаризација на книгата и до оние места кои се оддалечени од централните библиотеки, а учениците се ослободени од наплата за позајмените книги.